Четириесет и три годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец е убиен попладнево во чајџилница на ул.„Љуботенска“ во тетовска Мала Речица, информира јавниот обвинител Бранислав Нешовски од Тетовското јавно обвинителство.
Нешоски изјави дека околу 15:30 часот добил информација за убиство, по извршениот увид е утврден идентитетот на убиениот, а осомничен за убиството е Џафер Османи со прекар Џафа, жител на ул.„Иво Лила Рибар“ од Тетово.
Осомничениот веднаш по убиството избегал, а според првичните информации од увидот Нешовски рече дека Хасани е убиен со еден истрел во близина на срцето. За поточно утврдување на начинот како настапила смртта кај Хасани телото е предадено за обдукција.
Нешовски потврди дека има сведоци и очевидци на настанот и оти продолжуваат другите активности за рачистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Трагедија во Скопје: Маж пронајден мртов во куќа
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија