Новиот модел го придвижува дволитарски бензински турбомотор, а продажбата во Европа се очекува да почне во септември. Конкурентот на „лексус“ на европските модели развива 245 коњски сили при 5.800 вртежи во минута, додека најголемиот вртежен момент од 350 њутн-метри се добива од 1.650 до 4.400 вртежи во минута.
Преносот на силата од моторот се добива преку осумстепен автоматски менувач на задната оска, а овој менувач „лексус“ своевремено го развиваше за суперспортското купе РЦ Ф.
Возачите што посакуваат рачна измена на степенот на менувачот ќе имаат на располагање дополнителна рачка под менувачот, која ќе овозможи менување на режимот на работа.
„Лексус ИС 200т“ забрзува од 0 до 100 километри за седум секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 230 километри на час. Просечната потрошувачка на гориво е седум литри на 100 километри. Емисијата на штетни гасови е нешто поголема од вообичаената за ваков тип мотори и изнесува 162 грама на еден километар.
Новиот мотор „Лексус“ веќе го понуди во моделот „NX 200t“ и тој е тежок само 160 килограми. Тој е опремен со најмодерни технички решенија, како систем за директно вбризгување (D-4ST), нов двоен систем со променлива управливост на работата на вентилите (VVT-iW), мал меѓуладилник на воздухот кој се освежува со вода и нов турбополнач кој осигурува значително подобар одѕив на моторот при ниски вртежи.
Пред почетокот на тестирањето на новиот модел, со кого е поминато повеќе од еден милион километри, „Лексус“ го тестираше само моторот кој го остави непрекинато да работи повеќе од 10.000 часа.
„Лексус ИС 200т“ ќе се нуди со 17 и 18-инчни тркала под кои се наоѓаат самовентилирачки дискови за сопирачките на двете оски, а неговата продажна цена сè уште не е објавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.