Интернет заедница едвај дочека да се потсмева со најновиот бизнис потег на фолк пејачката.
Цеца Ражнатовиќ по примерот на светските ѕвезди го претстави нејзиниот нов парфем со име „Илузија“ и додека нејзините фанови се одушевени голем е бројот и на оние на кои ова и тоа како им е смешно.

-Денес се е илузија, токму поради таа причина и мојот парфем се вика така. Веќе година дена работевме на него и не сакав да постои некаков пропуст. Се мораше да биде совршено. Од пакувањето до мирисната нота. Тоа сум јас. Овој парфем во целост го опишува мојот карактер- изјавила Цеца на промоцијата на парфемот.
На Твитер веќе наголемо кружат исмевањата на сметка на парфемот на пејачката, а еден од најпопуларните е :„Цеца го лансираше својот парфем. Го сакам мирисот на твојот ѓон?“, алудирајќи на текстот на песната на Цеца „Да раскинам со неа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




