Еден од најбараните фудбалери во Европа, францускиот репрезентативец во редовите на Јувентус, посакува да остане во клубот до крајот на сезоната.
Тој во изминатите неколку дена се поврзуваше со трансфер во Барселона или Манчестер Сити уште во зимскиот преоден рок, но неговиот менаџер Мино Раиола ги демантираше сите шпекулации.
– Погба во јануари нема да оди никаде. Изрази желба да ја заврши сезоната во Јувентус, и ќе го почитуваме тоа. Големите играчи, всушност, не менуваат клуб во јануари – одговара на сите шпекулации, Мино Рајола.
Јувентус изминатово лето одби понуда од Барселона за 22-годишниот француски фудбалери. Тој во 2012 година од Манчестер јунајтед се пресели во Јувентус за кој досега одигра 149 натпревари, постигнувајќи и 26 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.