По синоќешниот натпревар меѓу Кадис и Реал Мадрид во Кралскиот куп, директорот за Односи со јавноста на белите, Емилио Емилио Бутрагењо изјави дека на клубот не му било соопштено за санкцијата на Денис Черишев. Легендата на лос меренгес се обиде да се повика на член 41 од дисциплинскиот кодекс, според кој секој фудбалер треба да биде информиран дека е казнет.
Весникот „Марка“ успеа да дојде до документ, со кој Кралската шпанска фудбалска федерација ги известила сите клубови за казните на нивните играчи во оваа сезона 2015/16.
На 27 јули федерацијата праќа соопштение до сите клубови и медиуми, во кое јасно е напишано дека рускиот фудбалер треба да го пропуштите првиот натпревар во Кралскиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.