| четврток, 6 декември 2018 |

Лицата со попреченост имаат свои вештини и способности

Потребно е и развивање и јакнење на ставот и свеста за почит кон лицата со попреченост, да се работи заеднички и на решенија за бесплатна здравствена заштита без ограничување на возраста на лицата со попреченост, олеснување на поатските за рефундирање на средства од ФЗОМ, доследно да се спроведуваат законските регулативи, преземање мерки за санкционирање фиктивни вработувања на овие лица. Вложувањето во правата на лицата со попреченост е влог во хуманото општество и човечноста.

Отстранување на сите видови бариери, инклузивност во образованието, развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции, за поголема вклученост во општеството, побараа лицата со попреченост на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лицата хендикеп ­ 3 декември.

Предизвиците со кои овие лица се соочуваат се системски и долготрајни и бараат мобилизираност на сите чинители во општеството. Проблеми има во спроведувањето на инклузивноста во образованието, но и во општеството воопшто. Затоа претставниците на здруженијата на лицата со попреченост побараа и промовирање на вештините и способностите на лицата со попреченост и нивно развивање, со цел полесна инклузија во секојдневниот живот.

Потребно е и развивање и јакнење на ставот и свеста за почит кон лицата со попреченост, да се работи заеднички и на решенија за бесплатна здравствена заштита без ограничување на возраста на лицата со попреченост, олеснување на поатските за рефундирање на средства од ФЗОМ, доследно да се спроведуваат законските регулативи, преземање мерки за санкционирање фиктивни вработувања на овие лица. Вложувањето во правата на лицата со попреченост е влог во хуманото општество и човечноста.

Претседателот на Националниот совет на инвалидски организации Чедомир Трајковски смета дека целта која пред себе ја имаат како совет е и натаму да се јакне јавната свест за потребада од унапредување на правата на лицата со попреченост и нивно изедначување со правата што ваквите лица ја имаат во своите земји.

Потпретседателката на Националниот сојуз на слепи лица Николина Витанова смета дека инклузијата на овие деца во редовниот образовен ситем е добар како идеја, но рече, проблематично е да се спроведе поради недостиг на стручен кадар како дефектолози, логопеди, толкувачи, но и брајеви машини за слепите лица, но и поради неприфаањето на овие деца од другите деца во училиштата. Затоа побара унапредување на состојбите во оваа сфера, и вчлученост на засегнатите во изготвувањето на законските решенија бидејќи, како што рече, тое се оние кои најдобро занаат што им е потребно.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата хендикеп ­ 3 Декември на примариус доктор Нико Јанков за заслуги во боирбата за остварување и унапредување на правата на овие лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top