| четврток, 6 декември 2018 |

Чеченија: Билет во еден правец за оној свет ќе добијат џихадистите што го убија нашиот човек

chechenskiqt-prezident-shte-dadem-na-ubilite-nashiq-chovek-djihadisti-ednoposochen-bilet-za-onq-svqt-342367

Тие што го убија нашиот сограѓанин, ќе добијат билет во еден правец за оној свет, рече чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.
Шефот на јужната руска автономна република им се закани на сторителите на егзекуцијата, чијашто видеоснимка беше распространета од приврзаници на Исламската држава (ИД).
На снимката се гледа како маж што зборува руски обезглавува свој сограѓани.
– Жртвата на страшниот чин е Чеченец – категоричен беше Кадиров, кој вети дека сурово ќе им се одмазди на џихадистите.
Сè уште ниту стручњаците од руската Федерална служба за безбедност, ниту американските експерти, не ја потврдиле автентичноста на снимката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top