| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА: Бројот на учесниците на светски првенства да се зголеми на 40

00579001

Светската фудбалска асоцијација размислува за ново зголемување на бројот на учесниците на светските првенства. Во моментов 32 земји се квалификуваат во финалето на Мундијалот, но планот е од 2026 нивниот број да се зголеми на 40. Тие ќе бидат распределени во осум групи, од кои секоја ќе биде составена од по пет тима. Тоа значи дека во групната фаза ќе се одиграат 32 натпревари повеќе во споредба со овој формат, а првенството ќе биде продолжено за една недела.
Промената ќе создаде многу дополнителни тешкотии за идните домаќини. Оваа идеја првпат беше лансиран од казнетиот претседател на УЕФА, Мишел Платини. Се очекува ова да биде поддржано од земјите членки на ФИФА, кои се надвор од Европа.
Според нив, диспропорцијата што постои во моментов во однос на претставниците на одделните континенти не е фер. Така на пример на СП 2018 во Русија, Европа ќе биде претставена од 14 земји, од вкупно 32 земји учеснички.
За предлогот ќе биде дискутирано денеска на состанокот на Извршниот комитет во Цирих, на која ќе се разговара и за предлозите за претстојните реформи во раководниот орган на светскиот фудбал.
Еве како се зголемува бројот на учесници во текот на годините:
1930 – 13
1934 – 16
1938 – 15
1950 – 13
1954-1978 – 16
1982-1994 – 24
1998-2022 – 32
2026 – 40

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top