| четврток, 6 декември 2018 |

Кукан за МИА: ЕУ размислува да ги почнете преговорите и покрај грчкото негодување

Словачкиот европратеник Едвард Кукан при интервју за државната МИА

Словачкиот европратеник Едвард Кукан при интервју за државната МИА

Поранешниот шеф на словачката дипломатија, сега европратеник Едвард Кукан, во интервју за државната МИА за блокадата на евро-атлантската интеграција вели дека се восхитува на посветенoста на македонските политичари да ја задржат највисоко ЕУ и НАТО агендата.

– Многупати во минатото сум кажал и ќе повторам и сега, јас ја делам фрустрацијата на вашите политичари поради оваа ситуација. Јас им се восхитувам што се уште ја поддржуваат европската интеграција на земјата под овие многу тешки услови, оти прогрес-извештајот на ЕК секоја година повторува дека ги исполнувате сите критериуми. Комсијата со поддршка на Европскиот парламент предлага Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Унијата, но Советот постојано одговара со: „Ќе се вратиме на ова прашање за шест месеци“. Да, тоа е навистина фруструрачки, вели Кукан во интервјуто за МИА.

Некогашниот кандидат за претседател на Словачка го издвојува Самитот на НАТО во Букурешт како најфрустрирачки момент бидејќи Македонија не стана членка поради грчката блокада.

– Јас сум целосно убеден дека вие бевте подготвени за членство најмалку идентично колку и другите две земји. Поради ветото од Грција вашите луѓе мораа со наведнати глави да го напуштат овој настан. Тоа е ужасно! Како политичар јас тоа го разбирам и навистина не е фер. Но работите се одвиваат за жал на таков начин, додава Кукан.

Словачкиот дипломат вели дека има сериозно придвижување во европските институции дека пристапните преговори треба да почнат и без да биде решено наметнатото прашање за името со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top