Швајцарските власти почнаа нова серија апсења на високи членови на ФИФА, објави „Њујорк тајмс“. Повеќе од 12 лица беа уапсени во Цирих и се очекува за нив да бидат поднесени обвиненија за корупција.
Властите ги извршиле апсењата малку пред членовите на Извршниот комитет на ФИФА да го почнат вториот дел од дводневната средба, на која се дискутира за реформите во централата.
Според „Њујорк тајмс“, полицијата истражува актуелни и поранешни членови на ФИФА, за кои се верува дека се вмешани во земање мито и перење пари.
Се очекува новите обвиненија најмногу да ги засегнат лидерите на фудбалските федерации на Јужна и на Централна Америка. Во веста се истакнува дека меѓу уапсените биле и претседателите на КОНКАКАФ и на КОНМЕБОЛ, Алфредо Хавит и Хуан Анхел Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.