| четврток, 6 декември 2018 |

Милиони заработени од грди божикни џемпери (фото)

ugly-christmas-sweaters2-e1372868662956

Се ближат божикните празници и сега е моментот, ако некој сака да се поднови со еден од најгрдите божикни џемпери. Само за неколку години трендот на грдите божикни џемпери еволуираше од спореден производ на хипстер културата, до годишна традиција, почитувана од цели семејства.
– Прв пат ми направи впечаток во 2011 година, кога луѓето си организираа домашни забави со грди џемпери, вели Фред Хаџер, коосновач на „UglyChristmasSweater.com“. Со седиште во Детроит оваа компанија е еден од најголемите продавачи на овие празнични џемпери.
grpu1

– Влегов на „eBay“ и видов стари божикни џемпери, а се продаваа по цени помеѓу 100 и 300 долари, вели Хаџер. Во тоа време тој раководел со онлајн компанија која продавала најразлични стоки од ТВ емисии и филмови. Така тој одлучува да се вклучи во играта и на крајот на 2012 година го создава „UglyChristmasSweater.com“ заедно со неговиот брат Марк, пишува „CNNMoney“.
grpu2

Првата година компанијата генерира 40 000 долари од продажба. Следната година приходите скокаат за 300% и за уште 275% следната година. Оваа година компанијата е на пат да продаде грди џемпери за 5.5 милиони долари.
cheesy-christmas-sweaters-bt6xntc1

Браќата Хаџер го водат бизнисот од магацин со површина од 3 900 квадратни метри во Детроит. Вкупно 30% од просторот е за џемпери, кои се произведени во Кина. Тие имаат 30 вработени на полно работно време и имаат вработено уште 20 сезонски работници, за периодот во кој е зголемена побарувачка.
– Имаме двајца вработени на полно работно време, кои се занимаваат само со социјалните медиуми, бидејќи грдите џемпери се доста дискутирана тема на интернет,” додава Хаџер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top