Министерството за финансии денеска исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени државни хартии од вредност, достасани за исплата .
До 6 декември по оваа основа ќе бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра), соопшти Министерството за финасии. Оттаму велат дека на 8 декември достасува за исплата и еврообврзницата издадена во 2005 година во вредност од 150 милиони евра.
За Министерството за финансии примарно останува точно и навремено сервисирање на обврските, нагласуваат од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.