| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Балканот е буре барут, доволна е искра

Српскиот премиер Азлександар Вучиќ на отворањето на Министерскиот совет на ОБСЕ нагласи дека Балканот е и понатаму буре со барут кому му е потребна само една искра и повторно да експлодира.

Vucic-1

 

– Мора да искажам загриженост за стабилноста на Балканот. Србија е стабилна држава, но доволно се неколку кризни ситуации во регионот, во Македонија, Црна Гора, БиХ, Приштина и целиот регион одново да се запали – нагласува Вучиќ.

Како што рече, тоа им го порачува на тие што не разбираат колку е важна стабилноста на Балканот.

Апелираше до сите на Министерскиот совет да донесат на конференцијата заеднички заклучоци и препораки за решавање многу проблеми, меѓу кои еден од клучните е емигрантската криза.

На дводневниот Министерски состанок на ОБСЕ во Белград, ќе учествуваат повеќе од 40 министри за надворешни работи, како и шефовите на дипломатија на САД, Русија и на ЕУ, како и генералниот секретар на СЕ, Тјоборн Јагланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top