Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од почетокот на годинава земјата протерала околу седум илјади бегалци.
Од вкупно 6.809 протерувања, 2.803 биле присилни. Според податоците на Министерството, 20 протерувања на бегалци се спроведени со чартер-летови, а пет со автобуси, помогнато од европската полиција Фронтекс.
Неодамна се вратени шест Пакистанци во нивната земја, а осуммина во Бугарија.
– Секој мора да знае дека доколку нема право кај нас да добие азил, ќе мора да ја напушти Австрија, а ако не сака доброволно, тогаш ќе биде протеран – изјави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.
Австрија очекува дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени околу 95.000 барања за добивање азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец



