| четврток, 6 декември 2018 |

Британски авиони извршија напади врз ИД во Сирија

Британското воено воздухопловство изврши напади врз шест цели во источна Сирија, кои се поврзани со нафтената индустрија на групацијата Исламска држава, јави „Би-­Би­-Си“.

britanskite-vvs-udariha-id-v-irak-338912

 

Нападите биле насочени кон цели во нафтено поле, кое е под контрола на ИД. Целите биле избрани од мобилниот штаб на седиштето на Централната команда на САД во Катар.

Тие се одредени врз основа на разузнавачки податоци, добиени од беспилотни и разузнавачки авиони и од агенти на службите.

Нападите биле извршени со бомби со ласерско насочување „пејвеј 4“.

Четири британски бомбадери „Торнадо“ полетале од базата на британското Кралско воено воздухопловство „Акротири“ на Кипар и учествувале во нападите врз цели во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top