| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го исчистите домот со кора од портокал?

Според Фенг шуи, кората од портокал е одлична за чистење на домот од негативната енергија, за во него повторно да завладее хармонијата.

portokal

За овој мал ритуал на чистење на негативната енергија можете да користите портокал или квалитетно етерично масло од портокал.

Излупете три портокали и кората ставете ја во сад во кој потоа ќе сипете врела вода.

Садот оставете го близу до влезот на домот, а со водата попрскајте го целиот дом.

Додека го правите тоа би било добро ако повторувате некоја мантра или афирмација која ви е драга.

По ова чистење, отворете ги прозорите и вратата за домот да се исполни со свежа енергија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top