Американскиот актер Стивен Сигал кој е во посета на Србија изјави дека би прифатил да ги обучува српските специјалци. Сигал додаде дека со задоволство би ги научил аикидо специјалните сили на Србија.
– Не добив официјално барање, но ќе прифатам ако добијам понуда – рече Сигал.
Во разговор со студентите тој изјави дека ќе се врати во Србија и да снима филмови. Добил поддршка од претседателот Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и градоначалникот на Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.