Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните Новогодишни и Божиќни празници ќе го украси и декорира централното градско подрачје.
Од Градот информираат само дека централната новогодишна елка, ќе биде поставена на истата локација како лани, односно на просторот помеѓу споменикот „Воинот на коњ“ и Порта Македонија.
Ќе бидат украсени плоштадите и повеќе улици во централното градско јадро.
Декорирањето и украсувањето на Градот кое веќе е започнато пред два дена, би требало да заврши најдоцна до 15 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.