– Денес е историски ден за Црна Гора, рече премиерот на балканската држава Мило Ѓукановиќ.
Премиерот во Подгорица ја искоментира одлуката на првите дипломати на НАТО, неговата земја да тргне кон полноправно членство во Алијансата.
– Нашата држава денес направи чекор напред. Таа се упати кон клубот на земјите кои се дружат со современите цивилизациски вредности, рече тој. Оваа одлука е плод на нашите напори и сеопфатните реформи што ги спроведуваме од 2006 година (година на прогласувањето на независноста на Црна Гора), истакна Ѓукановиќ.
Се очекува Црна Гора да влезе во НАТО по околу 18 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток



