| четврток, 6 декември 2018 |

Во вашиот авион секогаш се наоѓа ИСИС но не треба да се плашите од него

По рушењето на рускиот патнички авион над Египет, голем број на туристи се исплашија дека сите безбедносни проверки не се доволни да се задржи ИСИС надвор од авионот.

Avion profimedia-0069959231_1000x0

Но вистина е дека во ИСИС веќе се наоѓа во секој авион и дека не треба да се плашите од него туку да бидете среќни што е тука.

Секако, не станува збор за терористичката група туку за чудна игра на букви. Имено, ИСИС е скратеница за озлогласената Исламска држава но исто така е и кратенка за еден дел од авион без кое летањето би било невозможно.

ИСИС (Integrated standby instrument system) е електронски инструмент за леталата кој во исто време ја мери висината, брзината и правецот на движењето на авионот во однос на хоризонтот.

ИСИС е осмислен  за да замени неколку компоненти кои се составен дел од авионот во случај да откажат. Токму поради тоа е направен да може да функционира самостојно и речиси независно од останатата електроника, па има и свој одделен извор на енергија.

авиони

 

Во прев, доколку се друго откаже, пилотите се ослонуваат на овој инструмент, кој изгледа како една кутија со екран. Значи, ако се тргне на лошо  токму ИСИС ќе ве спаси. Да занеле креаторите дека овие четири букви еден ден ќе сеат страв во светот сосема е сигурно дека би го нарекле поинаку.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top