Денес решивме да ги продолжиме преговорите со Русија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесоа агенциите.
– Ние сакаме да ги зачуваме контактите со Москва, со тоа што ќе ја обновиме работата на Советот Русија-НАТО и нашите политички контакти со Москва остануваат отворени – додаде шефот на Северноатлантскиот пакт.
Работата на Советот беше прекината во 2014 година, како одговор на дејствијата на Москва во Украина.
Русија денеска изјави дека секогаш била отворена за дијалог со Пактот за важни прашања.
Министрите за надворешни работи на НАТО решија да дадат зелено светло за полноправното членство на Црна Гора во пактот.
Денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека неговата земја ќе преземе мерки против проширувањето на алијансата кон исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.