Книгата е во издание на „Матица македонска“ и со неа ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на познатиот политичар, публицист и писател. Во Кинотеката на Македонија беше промовирана книгата „Драматичната 1991 година“, студии и сеќавања на Стојан Андов, прв претседател на Собранието на независна Република Македонија.
За новото дело и за богатиот творечки опус на авторот говореа: Раде Силјан, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски, а извадоци од книгата читаа актерите Мето Јовановски и Роберт Вељановски.
Стојан Андов (1935, Кавадарци) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Приказната на Марија“ и „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.