Пред да ја носите важно е да ја исперете новата облека, а тоа се однесува на постелнината, пешкирите и се што доаѓа во допир со кожата порачуваат дерматолозите.
Всушност би требале да ги измиете ткаенините два пати, бидејќи многу е веројатно дека може да го содржат опасниот формалдехид кој произведувачите го користат за да го спречат туткањето на материјалот. Инаку се користи за чување на лешови или делови на телото.
Иако количеството на формалдехид не би требало да ги преминува законските граници, на пазарот сепак се наоѓа облека во која тоа количество е повеќе од дозволеното. Појавата на оваа хемикалија не е резервирана само за поевтините робни марки туку и за оние поскапите. Хемикалијата предизвикува голем број на здравствени проблеми, појава на алергии, кожни болести, намалување на имунитетот, ракот и друго.
„Гринпис“ минатата година анализирал детска облека и обувки на врло скапи и познати светски брендови. Земале 27 примероци и ги испратиле на анализа. Во дури 16 нашле опасни хемикалии, помеѓу кои и отровни кои ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото и предизвикуваат други здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.