Ако Русија ја запре испоракате на гас, тоа нема да биде катастрофа за нас, рече турскиот претседател Реџеп Ердоган.
– Вие знаете дека ние не сме користеле природен гас цел живот, ние го користиме овој вид гориво од неодамна. Нашиот народ е навикнат да страда и не станува збор за тоа дека запирањето на руски гас ќе се претвори во катастрофа за Турција. Ние имаме и други партнери, од кои купуваме течни горива. Ние ќе го решиме и овој проблем, изјави Ердоган во интервју пред анкарски медиум.
Поради соборувањето на рускиот авион на 24 ноември 2015 година од турски воени авиони, Москва најави прекин на ред проекти со Анкара. Меѓу нив се гасоводот „Турски поток“ и АЕЦ „Акјују“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно потпиша указ за воведување на економски санкции против Турција. Премиерот Дмитриј Медведев најави дека го запира увозот на голем број прехранбени продукти.
– Ние ќе превземеме соодветни мерки за руските ограничувања. Владата на Ахмет Давутоглу ќе одржи консултации со воени и цивилни службеници, рече уште Ердоган додека патуваше на средба во Катар.
Тој истакна дека Анкара нема да ги брка руските граѓани кои купиле недвижен имот во Турција. Ердоган одговори уште еднаш на обвинувањата дека неговата земја купува течни горива од исламската држава.
– Најмногу нафта и гас купуваме од Русија. Иран ни обезбедува 10 милијарди кубни метри гас годишно. Освен тоа купуваме од Азербејџан, северен Ирак, Алжир, Катар и од Нигерија, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.