| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Исламската држава наскоро ќе контролира голем дел од Либија

Според податоците со кои располага Организацијата на обединети нации (ООН) во Либија моментно се наоѓаат меѓу 2.000 и 3.000 борци на таканаречената Исламска држава, кои имаат намера да заземат делови од територијата на оваа северноафриканска држава.

tripoli, libija

Според извештајот на ООН, Исламската држава Либија ја гледа како одлична прилика за проширување на својот таканаречен калифат.

Оваа земја моментно се соочува со голема криза, бидејчи има борба меѓу разните исламистички фракции за власт во државата. Од ООН сметаат дека тоа е идеален терен за Исламската држава. Исто така северниот брег на Либија е многу важна стратешка точка за проток на борците кон Европа. Оддалеченоста меѓу Либија и италијанскиот остров Лампедуза е само 300 километри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top