Во скопскиот регион, Тетово, Битола, Кичево и Кочани утрово се регистрирани високи концентрации на ПМ10 честички, кои се движат од 100 до 300 микгрограми на метар кубен.
На мерната станица во Тетово во девет часот утрово се измерени 516 микрограми, а во текот на ноќта максималното ниво кое изнесувало 833. Од скопските општини најзагадено е во Центар со 296 микрограми, следуваат Карпош со 282, Гази Баба 194, Лисиче 172, а кај Ректоратот се измерени 150 микрограми на метар кубен.
Во Кичево се регистрирани 142 микрограми, во Кочани 101 и во Кавадарци 68 микрограми на метар кубен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.