Главните уредници на четири телевизии, меѓу кои и на јавниот сервис и уредникот на еден дневен весник, медиуми кои Зоран Заев на пресот на СДСМ ги посочи како „главни политички непријатели“, денеска побараа средба со амбасадорите вклучени во преговарачкиот процес.
„Згрозени од денешпната изјава на лидерот на СДСм Зоран Заев кој ги нарече нашите медиуми најголеми политички противници бараме итна средба на која што ќе ги изнесеме нашите ставови во врска со грубиот напад и навреда која што доаѓа од политичка партија која во претходните изјави на нејзини високи претставници се залага за деполитизација и европеизација на медиумскиот простор. Воедно бараме императивно да прекинат преговорите за Законот за медиуми се додека актуелната владејачка гарнитура во редовите на СДСМ ја врши оваа функција“- се наведува во барањето.
Ова барање е потпишано од Лидија Богатинова, главен и одговорен уредник на Канал 5, Драган Павловиќ главен и одговорен уредник на Сител, Коле Чашуле главен и одговорен уредник на Алфа, Дарко Јаневски главен и одговорен уредник на Дневник, како и Диме Ратајковски уредник на Првиот програмски сервис на МРТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.