| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на драмата во Софија, нема бомба на аеродромот

bugarija bombaПо проверката на специјалните екипи на бугарската антитерористичка единица, по наводите за пронајдени сомнителни торби на паркингот на софискиот аеродром, полицијата објави дека не е пронајден никаков експлозив во близина на Терминалот 1 на меѓународниот аеродром

Бугарската полиција го евакуираше денеска дел од меѓународниот аеродром во Софија, заради сомителни торби во комби паркирано пред аеродромот.

– Бесен сум на неодговорното однесување на сите кои предизвикаа паника на аеродромот околу измислена бомба, коментираше бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој ги нарече „некадарна банда“ вработените на аеродромот и полицијата кои што неколку часа „на нокти“ ја држеле државата.

-Да одложуваш полетувања, да зборуваш глупости по медиуми, да ја дигнеш државата на нозе, не е само грешка, неодговорноста и виновниците треба да понесат одговорност за тоа- порача Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top