| четврток, 6 декември 2018 |

Банките со шамар за Заев

zaevБанките во Република Македонија не се исплашија од денешните закани кои кон нив јавно ги упати Зоран Заев, како и од неговиот обид да се вмеша во деловната политика која ја водат.

Тие не потпаднаа на грубиот притисок кој им го вршеше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, па учествуваа на аукцијата на државните записи која ја организираше Министерството за финансии. Банките откупија записи во вредност од 75 милиони евра, сума која е во рамките на просекот при организирање на ваков вид настани. Банките покажаакапацитет, интегритет и чувство за државност и за интересите на граѓаните и не дозволија да бидат исплашени од срамното однесување на Заев.

На аукцијата за продажба на државни хартии од вредност учествуваа седум банки, една штедилница, еден пензиски фонд и три осигурителни компании кои откупија државни записи во вредност од 75 милиони евра. Банките покажаа капацитет и интегритет, чувство за државност и за интересите на граѓаните и не дозволија да бидат исплашени од срамното однесување и заканите на Заев.

Овој потег на банките и грубиот притисок кој им го вршеше Заев е директен шамар од нив кон лидерот на СДСМ, кој се дрзна да се меша во деловните политики на субјекти од приватен сектор, да има однесување на политичар налик севернокојско. Таквото однесување и изјави на Заев беа осудени од општествените субјекти.

На заканите и притисокот од Заев кон банките реагираше и гувернерот на НБРМ кој упати директна порака до СДСМ, да не се мешаат и да не вршат притисок.

– Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика, вели гувернерот Богов во писмената изјава.

По одржаната аукција стана јасно дека уцените и заканите на Заев не поминуваат во јавноста и неговата поддршка е на само 5 проценти.

На ваквото срамно однесување претходно се спротиставија пензионерите, примателите на социјална помош, земјоделците и други општествени групи на кои СДСМ сакаше да им наштети. Лидерот на СДСМ се повеќе тоне, влечејќи ја и партијата надолу со себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top