Младинскиот културен центар од Скопје одбра атрактивен начин да ја одбележи 40-годишнината од своето основање и да ја промовира реновираната ликовна галерија, која некогаш ги навестуваше идните текови на македонската визуелна уметност. Како што навестија билбордите што деновиве осамнаа низ градот, на 18 јануари (20:00) на едно место ќе бидат претставени по седум дела од трите генерации автори на ликовното семејство Коџоман.
Изложбата ќе биде ретроспектива на делата на Вангел Коџоман I и на Милош Коџоман II, а делот на Вангел Коџоман III, ќе биде истовремено и негова самостојна изложба, по неговата прва изложба во 2011 година.
– Заедно со роденденот на МКЦ, одбележуваме и 110 години од раѓањето на дедо ми, а со тоа истовремено покажуваме и една низа на семејна уметничка траидиција, почнувајќи од дедо ми, па татко ми, до мене – вели Коџоман III.
Вангел Коџоман I е еден од основоположниците на модерната уметност во Македонија. Во 1928 година завршил наставен отсек на Уметничката школа во Белград. Негови дела првпат биле изложени во 1929 година на групни изложби во Белград. Опусот на Коџоман I е изграден врз искуствата на постимпресионзмот, фовистичките и експресионистичките искуства во ликовнат
а уметност, при што во постапката се стремел да ги вклучи сталожените искуства на модерната уметност.
Милош Коџоман II се школувал во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а во 1974 година дипломирал на педагошката академија „Климент Охридски“. Почнувајќи од неговата прва, забранета самостојна изложба, „Дрога“, во 1973-74 година, дал иницијален придонес кон новата уметничка практика и го отворил поглавјето на нови тенденции во македонската уметност.
Вангел Коџоман III е третиот автор во семејното уметничко стебло. Во 2010 дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, насока сликарство, во класата на професор Благоја Маневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.