| четврток, 6 декември 2018 |

Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците

zaev kancelarija1Мултимилионерот Зоран Заев, кој заедно со Радмила Шекеринска со своите милиони ја предводат опозициската партија СДСМ, сега, по договорот од Пржино, мислат дека може да прават што сакаат. Всушност, да го казнат народот што ја прозре нивната намера и во низа изборни циклуси не им ја дава довербата. Анализите на јавното мислење кои ги спроведуваат рејтинг-агенциите посочуваат дека тоа ќе се случи и на изборите во април догодина. Затоа Заев сега сака да го казни народот.
Први на удар на нивната одмазда и омраза се луѓето што го прочитаа антидржавното однесување и не им дадоа поддршка. Со своите инсталации во власта поставени спротивно на изразената политичка и демократска волја на граѓаните преку избори, врхушката на СДСМ сака да му наштети на секој граѓанин, терајќи свој политички хир поттикнат од патолошката омраза и реваншизам. Народот, пак, тоа уште повеќе го препознава и е свесен дека е жртва на деструктивните потези на струмичкиот градоначалник, кој пак само во годините кои ги оценува како „режимски“, признава дека успеал да стекне милионски суми на евра.
zaev-sekerinska500
Тоа што сега ги интересира граѓаните – особено пензионерите, социјалците, земјоделците и вработените во администрацијата- е како досега навремено и без застој функционираше државниот апарат?
Како тоа до скоро сѐ навремено се завршуваше, сѐ до моментот кога во Министерството за финансии беше на сила поставен технички заменик, близок послушник на Заев, Кире Наумов?
И зошто веднаш по неговото влегување, почнаа опструкциите и најавите и заканите за навремена исплата на пензиите, социјалните надоместоци, платите, субвенциите, надоместоците кон целна група која зависи од непреченото работење на Министерството за финансии? 
zaev-naumov-banki
Тоа што, пак, дополнително ги револтира граѓаните, е дека сегашното дејствување на СДСМ преку своите насила вметнати инсталации во неколку министерства, потсетува на периодот кога со земјата и со финансиите раководеше СДСМ. Тогаш, за потсетување, не само што немаше зголемување на пензиите, социјалните надоместоци и на платите, туку со нивната исплата се доцнеше, беа намалувани, а за субвенции во земјоделството немаше ниту план.
zaev-i-secerinska-5Ваквите одмазнички однесувања на СДСМ кон овие целни групи, секако нема да придонесат за придобивање на нивната доверба на следните избори. Ако сега, со неколкумина технички министри и заменици СДСМ успева да го доведе во прашање нормалното функционирање и финансиското работење на државата, граѓаните со право се прашуваат, како и каде ли СДСМ планира да ги одведе државата и граѓаните доколку ја преземат власта?
Ваквите инает-политики само го докажуваат капацитетот на СДСМ на владеење и неговата негрижа за граѓаните. Но, за началството на СДСМ сѐ е лесно, бидејќи со своите милиони евра в џеб се гледаат како претставници на „средната класа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top