| четврток, 6 декември 2018 |

Обама повика да се намалат тензиите меѓу Турција и Русија

Американскиот претседател Барак Обама повика за намалување на тензиите меѓу Турција и Русија по соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на Турција.

обама

Обама денеска во Париз се сретна со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Американскиот претседател истакна дека Турција е сојузник во НАТО и има право да се заштити. Тој нагласи дека САД се заинтересирани за зајакнување на воените односи со Турција.

Обама потенцира дека групата Исламска држава (ИД) е заеднички непријател и побара од Турција и од Русија да се здружат против оваа закана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top