| четврток, 6 декември 2018 |

Запалено возило кај „Мајчин дом“

Ноќва околу 00.30 часот на бул.„Јане Сандански“ во близина на „Мајчин дом“ во скопски Аеродром, опожарено било возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Скопје.

Интервенирано било од страна на противпожарната бригада и пожарот е изгаснат.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top