| четврток, 6 декември 2018 |

Сите тажни љубови на Тамара (галерија)

Откако денес Тамара Тодевска стана главна вест поради наводниот развод од сопругот  Мачка (повеќе за тоа тука) и солзите кои ги виде полната сала „Борис Трајковски“  кои пејачката која е во пети месец од бременоста ги пролеа на песната „Готово е“(повеќе за тоа прочитајте тука) чаршијата не застанува со коментари и постови на социјалните мрежи.

hitportal-tamara2

Тамара исто така се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и порача дека нејзиниот приватен живот е само нејзин (повеќе за тоа тука) но ајде да се потсетиме кои се „тажни љубови“  го одбележаа животот на пејачката.

Во март годинава глава вест беше дека Тамара Тодевска ја раскинала веридбата со Александар Димитровски – Мачка, со кој неколку месеци подоцна сепак стапи во брак.

Screenshot_1

Таа пред три години беше во голема љубов и со голманот Матија Мирков со кого неколку пати правеше фати-пушти, а дури и се верија.

matija

И тоа на романтичен и интересен начин, кога Матија и го сервирал омиленото колаче мафин, а во него го ставил невестинскиот прстен. Тамара му кажа “да”, но и овие планови за убав заеднички живот пропаднаа, а Матија стана охридски зет.

bertan_thumb_medium500_523

Тамара долго време беше во врска со продуцентот Бертан Арслани. Наводно, не можела да го издржи притисокот на блиските кои сметале дека тие двајца не се еден за друг затоа што се од различна националност, па раскинаа.

Пред тоа врска за која знаеше и јавноста беше онаа со српскиот колега Никола Буровац кој и беше дечко и со кого ја сними дуетската нумера “Маслине и вино”. Тогаш ја пропушти шансата како сестра и Тијана да стане белградска снаа. Љубовта со Никола пукна брзо откако ја снимија песната, па дури ни до спот не дојдоа, а тој потоа се ожени со пејачката Милена Вучиќ.

nikola_thumb_medium500_458

Останува да почекаме и да видиме дали овој пат Тамара и Мачка ќе и дадат втора шанса на љубовта, или ќе си го пеат нејзиниот најголем хит “Готово е”, а Тамара ќе продолжи да го бара – вистинскиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top