| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на македонски јазик на солунскиот универзитет

­ predavanje dr veraПроф. д-­р Вера Стојчевска­ – Антиќ денеска одржа предавање на Универзитетот „Македонија“ во Солун, на покана на проф. Ставрула Маврогени од катедрата за балкански и славистички студии и во коорганизација на Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун.

Предавањето се однесуваше на развојните правци на богомилското движење и беше одржано на македонски јазик. Студентите од прва и втора година од Катедрата ја следеа презентацијата со големо внимание и интерес, особено поради фактот што беа претставени и современи траги на богомилството во регионот.

Проф. Антиќ изрази благодарност за прифатениот научен наслов, како и за можноста за натамошна научна соработка меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top