Постојат многу начини да ги натерате луѓето да го прават она што вие сакате, без да сфатат дека вие сте ги убедиле на тоа. Без разлика дали сакате да им се допаѓате на луѓето, да се согласуваат со вас или да ги купуваат вашите производи, можете да го користите овие совети, според „Business Insider“.
1. Користете ја опцијата мамка, за да ги натерате луѓето да го купат вашиот производот
Ако имате проблем со продажбата на поскапиот од два производа, размислувајте за додавање на трет производ, чија единствена функција ќе биде да направи најскапиот производ да изгледа повеќе привлечен. Третата опција или мамката, треба да биде со иста цена како поскапиот производи, но неефикасен.
2. Променете ја средината, така што да ги натерате луѓето да не се толку себични
Кога преговарате со некого, закажете средбата во кафуле, наместо во сала за состаноци, за да може вашиот партнер да биде помалку склон кон агресија. Луѓето се однесуваат по себично кога гледаат предмети поврзани со работата, отколку ако се опкружени со неутрални нешта.
3. Помагајте им на луѓето во постигнувањето на нивните цели, за да ги натерате да ви направат услуга
Дајте му на некого нешто, од што има потреба, за да се чувствува обврзан да ви ја врати услугата. Кога ви се заблагодарува за помошта, кажете: „Се разбира, тоа го прават партнерите еден за друг“.
4. Имитирајте го говорот на телото на луѓето, за да ги натерате да им се допаѓтеа
Имитирајте го начинот на кој некој седи или зборува, за да го натерате да му се допаднете повеќе. Тој или таа најверојатно нема ни да сфати дека го/ја копирате.
5. Зборувајте брзо, за да го натерате човекот со кого спорите, да се согласи со вас
Кога некој не се согласува со вас, зборувајте побрзо, за да има помалку време да се сконцентрира на она што го говорите. Ако човекот се согласува со вас, зборувајте побавно, за да има повеќе време да ја оцени пораката.
6. Збунете ги луѓето, за да ги натерате да одговорат на вашето барање
Наместо да им кажувате на луѓето дека продавате осум картички за 3 долара, кажувајте им дека цената е 300 центи за осум картички, што е добра зделка. Овој начин може да збуни многу луѓе и тие да ја прифатат цената како поволна.
7. Замолете ги луѓето за услуги, кога се изморени, и терајте ги да соработуваат
Молете ги луѓето за помош кога се исцрпени и немаат психичка енергија за преиспитување на барањето.
8. Плашете ги луѓето, така што да ви го дадат она што го сакате
Луѓето кои чувствуваат страв, а потоа олеснување, реагираат позитивно на молби. Тоа е така, бидејќи нивните когнитивните ресурси се зафатени со размислувањето за потенцијалната опасност со која се соочуваат.
9. Концентрирајте се на тоа што го заработува човекот со кого преговарате, а не на она што го губи
Додека преговарате, истакнете му на партнерот што му престои како придобивка, за да го натерате да се согласи со вашата понуда. На пример, ако се обидувате да го продадете автомобилот, треба да кажете: „Ќе ти го дадам автомобил за 1 000 долари“, наместо „Барам 1 000 долари за автомобилот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“