Во петокот Тамара Тодевска ги собра нејзините обожаватели во арената „Борис Трајковски“. Иако во петтиот месец од бременоста, пејачката со многу енергија и многу емоции помина неколку часа на големата сцена и успешно го заврши првиот самостоен концерт.
На сцената и се придружија многу пријатели и соработници, кои само допринесоа за уште поубава вечер.Игор Џамбазов напиша песна за неа, со сестра и Тијана пееја „Признавам“, го врати Врчак на сцена…
Но, и покрај тоа, во публиката фалеа две лица. Нејзиниот сопруг и нејзината некогаш најдобра другарка. (повеќе тука)
„Готово е, ова е крај на филмот ништо или сѐ“, Тамара не можеше да ги задржи солзите токму на оваа песна.
„Вечер“ објави неколку верзии на чаршиските муабети околу тоа – зошто солзи на песнава, зошто ја немаше Кики, каде беше Мачка… Меѓудругото, дневниот весник испрати и апел – ако има некој фотографија од Мачка на концертот, да испрати за да се демантираат сите гласини околу нивниот развод.
-Ја побаравме Тамара да ја замолиме да ни прати фотографија од Мачка на концертот, но не ни крена. Ве повикуваме и вас, ако некој го видел и го фотнал, нека прати. Зашто Мачка ќе бил во првите редови, но никој не го виде – напиша Вечер.
Фото: Официјална фан-страница на „Фејсбук“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.