| четврток, 6 декември 2018 |

Кошарката останува без еден од најдобрите, Брајант најави крај на кариерата

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, бекот на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, објави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона. „Црната мамба“, прекар со кој се стекна поради неговите извонредни партии во 20-годишната кариера и убиствени акции, изјави дека телото веќе не може да издржи и му праќа порака дека е доста.

– Оваа сезона е сѐ што ми остана да дадам. Моето срце може да го издржи брзиот пулс, мојот ум може да го издржи притисокот, но телото ми вели – доста е! – објави Брајант.

Брајант, кој има 37 години и има професионален договор од 1996 година, одигра само 41 меч од вкупно 164 за Лејкерс во изминатите две години поради повреди. Најтешката му беше на Aхиловата тетива, повреда поради која тој пропушти неколку месеци.
Зад своето име тој има пет титули во НБА-лигата, еднаш беше МВП на првенството, а исто така двапати е и прогласен за МВП на финалната серија. Во олстар тимот на НБА-лигата тој се најде вкупно 17 пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top