Еден бугарски државјанин минатата година заработувал 33.000 евра дневно (околу 65.000 лева), што е најголемата плата некогаш пријавена во бугарската Национална агенција за приходи, пренесува српскиот портал Каматица.
Тој по основа на работен однос и договор на дело заработил вкупен годишен приход од околу 7,2 милиони евра (14,3 милиони лева).
Педесетте луѓе со најголеми приходи на листата за оданочување стекнале вкупно 58,5 милиони евра (117 милиони лева) во минатата година.
Според податоците на Агенцијата, лицата со најголема заработувачка биле од Софија, потоа од Велико Трново, Варна и Бургас. Пријава за оданочување за минатата година во Бугарија поднеле 169.000 физички лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.