| четврток, 6 декември 2018 |

Емин Џијан и Дерик Меј настапија со симфонискиот оркестар на Кан на фестивалот „Ова не е класика“

По настапите во Охрид, Париз, Гент и Детроит, македонскиот гениј, музичарот, композитор и диригент Емин Џијан, заедно со детроитскиот диџеј Дерик Меј, викендов настапија во концертната сала, Акрополис во Ница, Франција. Настапот е во организација на продуцентската куќа „Излет мјузик“, чиј сопственик е Огнен Узуновски, а се реализираше во рамките на фестивалот за современа музика „Ова не е класика” заедно со Симфонискиот Оркестар на Кан. Оваа концертна сала е позната по својата акустика и дизајн.

Како и на досегашните концерти, ќе биде изведувана електронска музија, која ја потпишува Меј, а за која аранжмани има направено нашиот Џијан.

На концертот покрај Маријана Николовска на челеста, како солист на пијано ќе настапи и Ема Потевска. Во техничкиот дел останува истата екипа: Бојан Угриновски како тон мајстор и Игор Иванов Изи светло мајстор и визуелни ефекти. Како дообјаснување за тежината на фестивалот, во првата фестивалска вечер ќе настапи светски познатиот пијанист Борис Березовски со Филхармонискиот Оркестар на Ница.

Овие креативци ги соединија талентите и веќе ја освоија Европа и Америка, а во најава е и голем концерт во Австралија. Досегашните изведби во Детроит, Париз и Гент беа под уставното име на Република Македонија, такви ќе бидат и престојните изведби. Во јануари ќе настапуваат во Мелбурн, Австралија. На овој концерт покрај Дерик Меј ќе настапи и инспиратиниот Џеф Милс. Организаторите најавуваат дека овој концерт ќе биде историски момент, не само за Македонија, туку и за светската музичка сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top