| четврток, 6 декември 2018 |

Aндреј од „ДНК“ стана татко

11214145_956516431072725_9070232384598791280_n

Пејачот и една половина од дуото „ДНК“, Андреј Ѓеорѓиески (34), и неговата сопруга Наталија добија ќерка.

Среќната вест на својот профил на „Фејсбук“ ја објави неговиот близок пријател и колега, Владимир Блажев – Панчо.

„ДНК“ од денес брои 5 члена!!! Конечно добивме женски пратечки вокал. Да е жива и здрава Јана, убавица на татко Андреј – напиша Панчо на „Фејсбук“.

hjhjhhjjhjh

Андреј и Наталија склучија граѓански  брак на 6 октомври, а тоа го потврдија и со фотографијата која ја објавија на социјалните мрежи каде добија голем број честитки од своите пријатели и блиски.

Диџеј Панчо оваа година стана татко по вторпат. Со сопругата Маја го добија синот Марјан, а го имаат и тригодишниот син Андреја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top