Претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, во телефонски разговор со казахстанскиот колега Нурсултан Назарбаев уште еднаш повтори дека е подготвен што поскоро да се сретне со Владимир Путин со кој би разговарал за ситуацијата настаната откако турски Ф-16 собори руски бомбардер Су-24М.
– Назарбаев изрази надеж дека двете страни ќе ги искористат сите мерки за смирување на ситуацијата – се наведува во соопштението на прес-службата на претседателот на Казахстан по телефонскиот разговор со турскиот претседател.
Турција во вторникот на границата со Сирија собори руски бомбардер. Тоа е првпат во повеќе од педесет години членка на НАТО да собори руски авион што наиде на остра реакција на Москва. Веднаш по инцидентот Русија ги огранички туристичките патувања, ги остави турските камиони да чекаат на граница, конфискуваше поголема количина храна увезена од Турција и подготвува економски санкции. Ердоган во петокот изјави дека со Путин сака да се сретне „лице в лице“.
– Во Париз се одржува самит. Верувам дека и тој ќе присуствува. Тогаш можеме да разговараме – рече тогаш Ердоган.
Путин и Ердоган ќе присуствуваат на глобалниот самит за клима, кој утре почнува во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.