| четврток, 6 декември 2018 |

Дали СДСМ ќе ја блокира редовната исплата на пензии и плати?

Двоецот на СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска од удобните фотелји донесоа одлука за внесување на Република Македонија во нов хаос и неизвесност.

СДСМ ја стопира и блокира исплатата на повисоките пензии, повисоката социјална помош, изградбата и реновирањето на патишта, болниците и училишта. СДСМ сака да ја парализира државата.

Соочени со губењето поддршка од граѓаните, Шекеринска и Заев заклучи дека единствен начин за да направат конфузија меѓу народот се чини е да почнат со блокади и со попречување на секојдневното функционирање на граѓаните.

Станува сè појасно дека тоа е улогата на нивното влегување во Министерството за финансии. Таа е врската со изборите на дополнителниот заменик Кире Наумов.

На СДСМ им е јасно на кој ја има поддршката од граѓаните, по објавените резултатите од анкетите тие видоа дека двојно заостануваат зад ВМРО-ДПМНЕ, па очигледно според нивна проценка единствен начин да се помрднат од дното е преку нанесување штета на граѓаните, да се обиде да и се одмазди на владејачката партија.

Ветото на СДСМ за издавање на државни записи ја блокира изградбата на спортските терени, исплатата на земјоделските субвенции и сите останати проекти.

Граѓаните паметат дека без СДСМ нормално се одвиваа сите исплати. Немаа проблем ниту пензионерите, ниту социјалните случаи, ниту земјоделците. Се набавуваа болнички апарати, се градеа училишта и се инвестираше во инфраструктурата.  Република Македонија одеше напред, а притоа остана 4-та најмалку задолжена земја во Европа според Еуростат.

Дополнително се отворија над 140 000 нови работни места и СДСМ не можеше да се помири со тоа. Без поддршка од граѓаните , СДСМ со политички договор влезе во некои министерства и ја почна деструкцијата. СДСМ значи неизвесност.

Секаде во свет владите се финансираат на ваков начин и опозициската партија го знае тоа. Особено и заради фактот што треба да се исплаќа долг кој е направен во 2005 година.

На Заев и Шекеринска им е сеедно за тешкотиите кои ќе им ги предизвикаат на граѓаните, бидејќи хаосот и блокадите нема да се случуваат и почувствуваат во фирмите на Заеви или становите на Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top