| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистот Антиќ се заќити со титулата во Светската Премир-лига

simon antic

Македонскиот каратист Симон Антиќ, член на клубот Макпетрол, ја освои Карате Премиер – лигата. Тој на последниот турнир од ова светско натпреварување, во Окинава, Јапонија, се закити со титулата „Големиот Победник“ за 2015 година во категорија до 84 килограми.

Антиќ со учеството на турнирите во Париз, Ротердам, Истанбул, Хамбург, Салцбург, како и со настапот на последниот турнир во Окинава, освои најмногу бодови и стигна до големо остварување во кариерата. Претходно, Македонија се гордее со вакви успеси и на Наташа Илиевска и на Жарко Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top