Нејзините почетоци беа во Македонската радио телевизија пред повеќе од 20 години. Над две децении Ирена Спировска е препознатливо ТВ лице. Нејзиниот стас и младешко лице е нешто на кое може да и позавидат и многу помлади колешки.
За својата убавина во едно интервју таа изјави:
Голема благодарноста до моите гени. Во моето семејство сите се младолики и на тоа најмногу се вадам, дури и ден денес. Но нормално е… секоја жена треба да ја негува својата убавина. До пред 8-9 години можеби не обрнував посебно внимание, меѓутоа од 30-тата година повеќе внимавам на храната и пијалаците што ги консумирам.
Таа има ќерка Зорица и изгледа дека таа и е доволна кога се работи за емотивната исполнетост.
Деновиве Ирена на својот Фејсбук профил прикачи фотографија на која пишуваше: „Без маж. Без љубов. Без проблеми.“, очигледно мислејќи на нејзиниот сингл статус и уживањето во истиот.
Извор: Вистина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.