Регионалниот избор на „Најгламурозна личност на годината“ што веќе шест години го организира хрватскиот портал „Глам“ опфаќа личности од поранешните југословенски републики, а најмногу гласови во целиот регион добија Здравко Чолиќ и нашата ТВ-водителка, Ирена Спировска.
На листата се најдоа актери, политичари, уметници, пејачи и многу други познати личности од Хрватска, Словенија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Титулата за најгламурозни личности убедливо ја освоиле Ирена Спировоска и Здравко Чолиќ.
Изборот за најгламурозна личност на регионот е и хуманитарен настан, кој доделува финансиски средства на децата со малигни потреби. Изборот се случи вчеравечер во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.