Седница на партискиот централен одбор на СДСМ излегла од планираниот тек, односно наместо чиста формалност за свикување вонреден конгрес во декември, состанокот се претворил во жолчна расправија, пренесува Прес24. Овие информации следат по наводите дека дури и недостасувал потребниот кворум за седницата
По завршување на седницата, Љупчо Палевски, поранешен претседател на градската организација во Скопје, преку социјалните мрежи, објави дека Јани Макрадули побарал од техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да поднесе оставка од партиската функција генерален секретар на СДСМ.
„Не Заев, туку Рада требала да објасни околу статутарното прашање на Макрадули. Дали и кога Оливер ќе си даде оставка на партиската функција. Не знам Рада за цвеќиња ли е заменик, трајна ладна политика предолго трае. Нека се фати во одбрана на Заев од незадоволни членови, нели е жирант за многу работи? Месец дена ја нема никаде, даде интервју кај бившата снаа нејзина Трајковска на 24 и толку“, напиша Палевски на Фејсбук.
Макрадули барањето за оставка на Спасовски го аргументирал со континуираните барања на партиското раководство за таканареченото одвојување на партијата од државата. Посочил на претходните јавни забелешки на СДСМ дека според нив високи партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ не можат да бидат истовремено и министри за внатрешни работи. Барањето одело во насока на принципите за кои наводно СДСМ се залагал јавно, да бидат спроведени и на дело. Дополнително, било посочено дека членот 36 од Статутот на СДСМ јасно предвидува дека „функцијата генерален секретар на СДСМ е неспоива со функции во извршната власт“, и затоа, за да може да се бара доследно почитување на принципот на владеење на правото, треба да се почитуваат сопствените партиски акти и правила, аргументирал Макрадули, пренесува порталот.
Според висок партиски извор на кој се повикува Прес24, во својата дискусија Макрадули побарал од раководството на СДСМ да се огради и од манипулациите кои ги прават некои од опозициските медиуми, а кои се насочени директно кон видни членови на партијата, па дури и кон членови на нивните семејства, алудирајќи на Шекеринска, чиј што сопруг, пред некое време беше мета на еден од интернет порталите, кој важи за близок до СДСМ. На ваквите забелешки морал да одговара лично Зоран Заев, кој според многумина од присутните, манифестирал досега невидена дрскост. Според нашиот извор, тој со многу висок тон, потенцирал дека воопшто нема да побара од Спасовски да го почитува партискиот Статут и да ја напушти функцијата генерален секретар, бидејќи тој бил само технички назначен за министер за внатрешни работи.
Заев во својата дискусија не покажал никаква подготвеност за демократска дебата и почнал да се расфрла со обвинувања за некакви сценарија, дури и почнал да бара внатрешни непријатели за кои наводно упатил и закани. Повеќето сведоци на ваквиот излив на нервоза со тон, кој никогаш порано не бил слушнат во партијата, сметаат дека Заев очигледно го губи компасот во своето делување и во очај се обидува да создава слика дека сите други се криви, освен тој самиот. Едноставно, тој повеќе не може да истрпи демократска дебата, ниту пак да препознае конструктивни критики кои се насочени кон подобрување на состојбите во опозицијата.
Порталите блиски до СДСМ, повторно обидувајќи се да ја сокријат вистинската атмосфера во партијата, објавија само дека едногласно е донесена одлука да се одржи конгрес на 13 декември. Симптоматично СДСМ избегна со изјава да ги извести медиумите за седницата на централниот одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Макрадули: Не сакаме да им купуваме маски на сите луѓе
-
Борбата за здрава животна средина не трпи популизам, рече Макрадули и остана жив
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји