| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто презентерките на временска прогноза во САД носат ист фустан?

Зошто презентерките на временска прогноза во САД носат ист фустан? Дали е во прашање обложување? Не, тие велат дека така им е најпрактично.

vodit

За презентерките на временска прогноза одбирањето на гардероба може да биде многу тешка задача. Мора да почитуваат одреден „дрес код“, во вид на принт (не смее да биде премногу нападен), должина на ракавите, крој и боја, а многу телевизиски станици имаат консултантни кои им предлагаат кои бои би требало да ги носат, а кои не.

 -Ми рекоа да „бегам“ од зелена и бела боја – рекла водителката Шелби Хејз.

Многу е тешко да се најде економски прифатлив, а шик фустан, кој добро стои и не крши ниту едно од правилата на „дрес кодот“, а згора на се не смеат да ги повторуваат стајлинзите, бидејќи гледачите ќе ги забележат. Поради оваа причина водителката Хејз и десетици нејзини колешки се членки на Фејсбук група каде разменуваат модни совети и препораки. Минатиот месец една од нив го пронашла овој фустан на Амазон кој чинел 23 долари, а бил совршен за работата.

Отпрво немале никаков план за ист стајлинг, но откако сите го нарачале фустанот, секоја ТВ­ станица низ САД има идентично облечена презентерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top