Раководителот на управувачкиот комитет за справување со кризи, министерот Никола Тодоров, заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски денес ја посетија македонско-грчката граница каде се поставуваше жичена ограда за насочување на мигранти до пунктовите за регистрација и хуман третман.
Тодорoв, Чавков и Јолевски го посетија лекарскиот пункт на терен каде ги посетија повредените полицајци. Повредените припадници на безбедносните сили на членовите на комитетот им кажаа дека мигрантите фрлале со големи камења кон нив. Оштетени биле и голем број штитови и друга опрема.
Повредени се вкупно 24 припадници на безбедносните сили, 23 полициски службеници и еден припадник на АРМ. Четворица од повредените се задржани на опсервација во болница поради потрес на мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.