| четврток, 6 декември 2018 |

Руските манекенки што го покорија светот (ФОТО)

Русинките отсекогаш важеле за едни од најубавите жени на светот, затоа не е ни чудо што руските манекенки често ги гледаме на модните ревии на најдобрите светски дизајнери. „Руска реч“ направи интересен список со 11 руски манекенки што го покорија светот на модата.

наталија-630x343

                                              Наталија Водјанова

Најпознатата руска манекенка не треба посебно да се претставува, особено што таа одамна не е само модел туку и мајка на четири деца, општествено ангажирана јавна личност, борец за правата на децата со пречки во развојот. Таа е во брак со Антоан Арнолт, син на директорот на конзорциумот за производство на луксузни предмети LVMH. Но, мајчинството и хуманитарната работа не ја спречуваат Наталија да продолжи со кариерата на манекенка. Во 2015 година таа стана заштитно лице на парфемот Euphoria на модната куќа Келвин Клајн, 10 години откако го потпиша својот прв договор со овој бренд.

ana8-514x630

 

                                               Ана Вјалицина

 

Родена е 1986 година во Нижни Новгород. Кариерата на манекенка ја започнува на 15-годишна возраст. Тогаш таа потпиша договор со агенцијата IMG Models и се пресели во Њујорк. Првите брендови што ги претставуваше беа Anna Molinari, Chloé и Sportmax. Се има појавено на насловните страници на Vogue, ELLE и Glamour, а учествувала и на модните ревии на Shiatzy Chen, Chanel, Prada, Louis Vuitton, Dolce&Gabbana. Неодамна стана мајка.

Natasha_Poly_18534121_600

                                         Наталија Полешчикова

 

Наталија Полешчикова е родена во 1985 година во Перм. Како манекенка дебитираше во 2004 година на ревија на модната куќа Emanuel Ungaro, откако го зазеде второто место на натпреварот New Model Today и потпиша договор со агенцијата Why Not Model. До тој момент веќе имаше четиригодишно искуство во модниот бизнис. Денес Наташа е една од најпознатите манекенки во светот. На Инстаграм има над 400 илјади обожаватели. Таа беше и заштитно лице на модните куќи Lanvin, Fendi, Marc Jacobs, Michael Kors, H&M и на други брендови.

са-420x630

                               Саша Пивоварова

 

Со мода започнала да се занимава како студентка на Рускиот државен универзитет за општествено-хуманистички науки, откако нејзиниот пријател и иден сопруг фотографот Игор Вишњаков во 2005 година испратил нејзини фотографии во агенцијата IMG. Нејзина прва ревија беше за модната куќа Prada, по што овој бренд со неа склучи тригодишен договор. Подоцна се најде на насловните страници на Vouge во целиот свет (седум пати само во италијанското издание), се најде на престижниот календар на Pirelli, учествуваше во рекламни кампањи на голем број познати брендови од Giorgio Armani до Chanel. Во 2011 година глумеше во трилерот „Време“. Истата година дизајнираше колекција долна облека за Gap. Во 2012 година доби ќерка. Во слободно време се занимава со сликање.

Kate_Grigorieva_VICSECRET2_ZB4575_268301_0039_600-420x630

                                   Кејт Григорева

 

Оваа девојка од Оленгорск е родена во 1989 година. Завршила маркетинг на Мурманскиот државен технички универзитет. Двапати учествуваше на натпреварот Мис на Русија, но без особен успех. Потоа во модното реално шоу „Топ-модел на руски начин“ го освои второто место. Набргу потоа замина во Њујорк и потпиша договор со модна агенција. Во 2014 година работеше на ревиите на модните куќи Donna Karan, Oscar de la Renta, Tory Burch, Ralph Lauren. Годинава се најде во весниците како нов „ангел“ на Victoria’s Secret.

Sasha_Luss_GettyImages-474314186_600-420x630

                                         Саша Лус

 

За првпат на модната писта излезе кога имаше 16 години. Тоа беше на модната ревија на Аљона Ахмадулина во 2008 година во рамките на Модната недела во Москва. Истата година се појави на насловната страница на руските изданија на списанијата Vogue и L’Officiel. Кога потпиша договор со агенцијата DNA, се пресели во Њујорк, но набргу потоа се врати во Русија. Во 2011 година потпиша договори со неколку агенции, во тоа време ја забележа и Карл Лагерфелд. По ревијата за Chanel во сезоната есен-зима 2012 година, нејзината кариера доживеа бум. Во сезоната есен-зима 2013 одработи 58 ревии и склучи рекламни договори со модните куќи Carolina Herrera, Max Mara, Valentino и Tommy Hilfiger. Се има појавено на насловните страници на различни списанија и во престижниот календар Pirelli.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top